Почетна Вести Христијанство Ципрас побара мир од Грчката црква пред најавените протести за името
Ципрас побара мир од Грчката црква пред најавените протести за името

Ципрас побара мир од Грчката црква пред најавените протести за името

307
0

Не се потребни протести туку национален консензус и единство. Архиепископот на грчката православна црква, Јеронимос побара смирување на тензиите на два дена пред најавените масовни протести во цела Грција за спорот за името.

Ставот на грчкиот архиепископ доаѓа по средбата со Ципрас на која како што велат од Грчката православна црква, премиерот го информирал поглаварот за текот на преговорите по последната средба со медијаторот Нимиц.

Грчката православна црква има силно влијание во грчкото општество па консултациите на Ципрас со архиепископот Јеронимос во грчките медиуми се коментираат како обид на Премиерот да побара мир од црквата во пресрет на најавените протести чии поворки редовно ги предводат свештениците.

Архиепископот беше првиот со кој Ципрас се сретна откако информациите за текот на преговорите ги доби од шефот на дипломатијата Коѕијас. Грчките медиуми пишуваат дека Ципрас веднаш по средбата со Коѕијас, од премиерската палата се упатил кон Атинската архиепископија.

Од опозициската Нова Демократија велат дека премиерот наместо прво да го извести собранието и опозицијата решил деталите од преговорите да ги сподели со црквата. Од Нова демократија го обвинија Ципрас за тајни преговори потсетувајќи дека грчката Влада претставниците на црквата ги поистоветувала со Златна Зора.

Сепак, грчките медиуми пишуваат дека за очекување е Ципрас наскоро за деталите од преговорите да ја информира и грчката опозиција во обид да се изгради колку што е можно поширок консензус во пресрет на најавеното финале на преговорите за името.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *