Почетна Вести Регион Ципрас: Истанбулска богословија би ги зближила Грците и Турците
Ципрас: Истанбулска богословија би ги зближила Грците и Турците

Ципрас: Истанбулска богословија би ги зближила Грците и Турците

83
0

Грчкиот премиер смета дека потенцијална одлука на Турција да дозволи повторно отворање на Православна богословија на остров во близина на Истанбул би ги обединила грчкиот и турскиот народ.

Алексис Ципрас во среда ја посети Богословијата, во кој биле образувани генерации поглавари од православната црква, сè до нејзиното затворање во 1971 година од страна на турските власти, пренесува агенцијата АП.

Затворањето на училиштето беше еден од низата проблеми што се развија меѓу Грците и Турците.

„Сакам да верувам дека набрзо ќе дојде ден кога смеата на студентите повторно ќе се шири низ овие ходници“, рече Ципрас за време на посетата на Богословијата.

Турскиот претседател изјави дека училиштето може да биде повторно отворено во случај Грците да преземат чекори за подобрување на правата на исламското малцинство во таа земја.

Ципрас вчера ја завршува својата дводневна посета на Турција.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *