Почетна Вести Регион Ципрас го информирал грчкиот Архиепископ за предлогот на Нимиц
Ципрас го информирал грчкиот Архиепископ за предлогот на Нимиц

Ципрас го информирал грчкиот Архиепископ за предлогот на Нимиц

137
0

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска доцна попладне се сретнал со грчкиот архиепископ Јероним за да разговара со него за актуелните преговори за спорот со името, што во грчките медиуми се толкува како невообичаен политички потег, бидејќи средбата се случува пред владата да ги брифира политичките партии за последните настани.

За резултатите од разговорите што се одржаа пред два дена во Њујорк Ципрас бил информиран од министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, а веднаш потоа заминал на средба во Атинската архиепископија, пишува „Катимерини“.

Весникот додава дека близок соработник на Ципрас ја оправдал неговата одлука да зборува со архиепископот пред да се сретне со партиските лидери и рекол дека „го информираме секого што ќе го побара тоа од нас”. Според истиот извор на кој се повикува весникот, Ципрас и архиепископот си размениле писма за спорот за името пред нивната средба, а освен тоа двајцата имаат редовни контакти.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *