Почетна Вера МПЦ-ОА Чудотворната икона „Скоропослушница“ в недела ќе ја обиколи Струмица со голема литија
Чудотворната икона „Скоропослушница“ в недела ќе ја обиколи Струмица со голема литија

Чудотворната икона „Скоропослушница“ в недела ќе ја обиколи Струмица со голема литија

274
0

Голема масовна литија со чудотворната копија на иконата „Скоропослушница“, е најавена за в недела во Струмица.

Иконата која пред една година, на 12. 03. 2017 л беше донесена како дар во храмот на светите 15 Тивериополски маченици во Стурмица, од страна на монасите од светогорскиот манастир Дохијар, ќе биде изнесеа од храмот во 10 часот, а литијата ќе се движи од храмот низ улицата „5-ти Ноември“, потоа преку улиците „Крушевска република“ и „Балканска“ до кружниот тек, и ќе продолжи по булеварот „Маршал Тито“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“.

На плоштадот е предвидено молитвословие- доксологија, проследени со кратки поздравни слова, по што литијата по истиот пат ќе се врати во храмот.

Во саботата на 10. 03. 2018 во споменатиот храм ќе биде отслужено бдение со почеток од 20:30 часот.

-Најсрдечно ве покануваме да дојдете во градот на славните Тивериополски маченици и да го споделите со нас ова духовно ликување заради благодатното присуство на Богомајката Која преку својата чудотворна икона „Скоропослушница“ ја посети Струмица и изобилно излеа својот благослов врз оваа земја, стои во соопштението на струмичката епархија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *