Чудотворна икона од Хиландар доаѓа во Скопје за Мала Богородица

Date:

Share post:

Копија на чудотворната икона Пресвета Богородица Триручица од Хиландар на Света Гора ќе дојде во Скопје, дознава Религија.мк.

Неофицијалните информации на Религија.мк велат дека една од најпознатите светогорски чудотворни икони ќе биде од литијата што за Мала Богордица на 21 септември ја прави Скопската Епархија од Црквата Пресвета Богородица.

Копијата на Иконата во Скопје ќе ја донесе Игуменот на Хиландарскиот манастир. Иако засега нема официјална потврда, сепак во Скопје на литијата е поканет и Српскиот патријарх Порфириј, заедно со владици на СПЦ.

Скопската епархија очекува величествена прослава на Мала Богородица и голем број верници кои ќе дојдат на поклонение на оваа чудотворна Икона.

Чудотворната Икона Пресвета Богордица Триручица според верувањата спаѓа во нерачно изработени икони, и дека е насликана од апостолот и евангелист Лука, првиот иконописец на христијанството. Од другата страна е насликан Свети Никола. Се чува во српскиот манастир на Света Гора Хиландар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img