Почетна Вести Чудо во Света Гора: Немо момче проговори на македонски
Чудо во Света Гора: Немо момче проговори на македонски

Чудо во Света Гора: Немо момче проговори на македонски

2.45K
0

За чудото коешто се случи на почетокот од овој месец во Дохијарскиот манастир на Света Гора, раскажа еден монах кој присуствувал на настанот. За истото ова се зборувало на еден црковен настан во Солун.

svata-gora-aСпоред сведоците, во манастирот на поклонение било дојдено младо 18-годишно момче од Струмица кое пелтечело. Кога младиот човек кој никогаш не проговорил, туку испуштал само неартикулирани звуци, пристигнал во манастирот и застанал пред чудотворната икона Скоропослушница, извикал на мајчиниот македонски јазик: „Мати Марија, подари ми здравје!“

Во тој момент, сите запознаени со случајот на младото дете биле изненадени. На крајот од Молебниот момчето се обратило кон сите присутни, кои заедно со него се молеле.

-Ви благодарам, веќе се чувствувам многу подобро, изјавило потоа момчето.

Ова е уште еден чудесен доказ за чудотворната сила на Пресвета Богородица,  која секојдневно се излева врз сите верни, како во Грција, така и насекаде низ светот.

Во манастирот Дохијар на Гората Атон, игуменот на манастирот, многупочитуваниот старец Григориј заедно со братството секојдневно служат Молебен канон токму пред иконата „Скоропослушница“, при што се читаат стотици имиња на живи и упокоени христијани. Иконата „Скоропослушница“ брзо и ја излева Својата милост врз сите оние коишто со благоговение и вера се обраќаат кон неа“

/БИГОРСКИ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *