Почетна Репортажа Чудо во црквата Св. Ѓорѓија во Сингелиќ- најлон го спасил крстот стар 100 години од поплавата
Чудо во црквата Св. Ѓорѓија во Сингелиќ- најлон го спасил крстот стар 100 години од поплавата

Чудо во црквата Св. Ѓорѓија во Сингелиќ- најлон го спасил крстот стар 100 години од поплавата

2.28K
1

Во црквата Св. Ѓорѓија во скопско Сингелиќ не можат да се изначудат како се нашол најлон од 40 метри врз малиот трошен крст стар над 100 години, кој успеал да го спаси да не го однесе поплавата на 6 август.

-Божје чудо, за МИА, вели отец Драган Димишков.

– Овој крст е посветен на Свети Ѓорѓија. На оваа место бил ставен некаде по 1912 година. Вечерта кога се случи невремето, не знам од каде и како, крстот беше покриен со 40 метри најлон. Претпоставувам дека од некаде дошол и го покрил крстот, со тоа го спасил да не го однесе водената стихија. И површина пред крстот беше чиста, воопшто не допрена. Во негова близина затекнавме и едно возило кое го прескокнало ѕидот и паднало на покрив. Крстот имал среќа возилото да не падне врз него. Крстот е спасен. Самиот Господ Бог си ги чува своите работи, вели отец Драган, кој сѐ уште не може да се изначуди како се спасил малиот трошен крст.

singelic 2Освен спасениот крст, во саботата кога ја посетивме црквата, во помошниот објект каде што се наоѓаат канцеларијата на свештениците и Крстилницата, забележавме дека само на ѕидот со фрески и икони нема калливи траги, кои ги имаше на другите ѕидови. Во црквата, како и помошниот објект, имало кал околу пола метар, а на некои места и повеќе. Но, калта не стигнала до ѕидот украсен со фрески и икони. Како нешто да ја спречило калта да го извалка и него. Калливи траги насекаде,  а само на ѕидот со фрески не. Чудно.

За среќа двајцата свештеници не биле во црквата

Додека шетавме со отец Драган низ дворот тој ни раскажуваше за црквата. Таа почнала да се гради во 1972 година, а две години подоцна била осветена од г.г Гаврил. Црквата е изградена на темелите на стара црква која била урната за време на Балканските војни.

Оваа црква била честа мета на крадци. Тоа ги натерало свештениците да подигнат висока ограда околу црковниот двор. Секоја вечер црквата ја чува еден од двајцата свештеници кои служат во неа. Една вечер ја чува отец Драган, а друга отец Даниел.

За голема среќа, кобната ноќ немало ниту еден од свештениците  во неа.

– Бидејќи немаме ноќен чувар, со колегата наизменично ја чуваме црквата. Таа вечер го повикав да дојде на кафе. И вечерта бевме на една прослава во Автокоманда. Ноќта имавме дојава од соседите дека храмот е поплавен. Некаде околу 3 часот по полноќ  дојдовме овде. И што да видиме. Црквата беше во  катастрофална, катаклизмична состојба. Таа глетка не можам да ја опишам, тоа може само да се доживее. Многу ми е тешко да ви раскажам во каква состојба беше црквата. Внатре во храмот имаше околу 40 сантиметри кал. Во кал беа и пропратните објекти во дворот. На некои места имаше кал и по метар и половина. Беше ужасно. Тринаесетина дена од поплавата може и сега да се види колкава штета е направена, вели тажно отецот Драган.

singelicВо неделата на 7 август, двајцата свештеници и жената која се грижи за црквата Стојанка  почнале со санирање на штетите. Служителката Стојанка, или баба Цоле, како што ја викаат сите, деновиве има полни раце работа, бидејќи покрај црквата, поплавен е и нејзиниот дом.

– Ден по поплавата, старешината на црквата и служителката ја чистеа од кал. Јас пребарував низ дворот умрени луѓе и животни. Пред црковната порта најдов една жртва, една жена во автомобил. Таа е донесена два и пол километри од Камник па наваму, раскажува отецот.

Тој во дворот нашол многу угинати кози, овци, мачки, кучиња кои ги извлекол до каналот. Подоцна мртвите животни биле однесени  во Вардариште.

/МИА

Коментар(1)

  1. Bogami da se zacudi covek na sekojdnevnite cuda , vo edna komunisticka crkva se slucuvaat sekojdnevni cuda. Pa neka vidat neprijatelite na MPC sto ce pravat so nea, koga Gospod sekojdnevno praca cuda vo nea, Najgolemo cudo e kako seuste vladikata Petar e seuste vladika i za cudeo nevideno e do koga ce bide.Toa e za mene najgolemoto cudo–nevideno. Na nego se krstam i so leva i so desna raka.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *