Почетна Верски буквар Чомлек на манастирски начин – по вкус на Бигорската кујна
Чомлек на манастирски начин – по вкус на Бигорската кујна

Чомлек на манастирски начин – по вкус на Бигорската кујна

1.81K
0

Во деновите на велигденскиот пост, честопати се разменуваат рецепти за посна храна. Религија.мк, следниот период ќе се обиде да ви презентира неколку идеи што вкусно да подготвите дома, а да не го нарушите постот, секако ако сте се одлучиле да постите.

Овој пат нешто многу вкусно од кујната на Бигорскиот манастир.

Потребни состојки:

40 главици ситен кромид 

2 главици лук

5 суви пиперки

10 печурки

1 шолја вино црвено

½ шолја масло

1 лажичка зачин

1 лажичка црвен пипер

4 ловоров листа

1 лажичка сол

Бибер во зрна

Начин на подготовка:

Кромидот се чисти, главицата лук се дели на чешниња (не се лупи), сувите пиперки и печурките се мијат и сецкаат на парчиња. Во длабок огноотпорен сад (најдобро е грне) се става еден ред од кромидот, па неколку чешниња лук, потоа сецканите пиперки и печурките и се зачинува со ловоров лист и бибер. Постапката се повторува уште еднаш и на крај се полева со претходно приготвена течност од вино, масло, зачин, пипер и сол. Грнето се става на оган и се остава да врие на тивко околу 3 часа.

Прилог:
Ова јадење може да се сервира со пире, ориз и слично.

Уживајте во постот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *