Почетна Вести Чествување на основачите на првата словенска азбука
Чествување на основачите на првата словенска азбука

Чествување на основачите на првата словенска азбука

376
0

Денеска се одбележува државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј.

Денот на сесловенските просветители и учители, или Денот на светите солунски браќа св. Кирил и Методиј, е државен празник во Македонија, кој се празнува на 24 Мај, во чест на основачите на првата словенска азбука.

Во 11 век црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година, во црквата „Св. Богородица“ во Скопје. Традиционално, на овој празник во Македонија се доделуваат награди, се одржуваат концерти и се организираат разни културни настани.

Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

За животот и дејноста на словенските просветители најмногу податоци добиваме од делата: „Панонски легенди“, „Климентовото житие од Теофилакт“, „Климентовото житие од Хоматијан“ и „О`писменех“ од Црноризец Храбар. Родени се во Солун, во угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија.

Најстариот од седумте деца, Методиј, е роден околу 815 година, а најмладиот Константин во 826/827 година.

Солунските браќа Кирил и Методиј имаат извонредно и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значење за Европа, светот и за Македонија, изразено преку нивната просветителска мисија, како поттик на епохален цивилизациски процес.

Темелот на тој културолошки процес е создавањето на првата словенска азбука – глаголицата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *