Почетна Вера ИВЗ Честитка за Курбан Бајрам – „Сиромаштијата и корупцијата го нарушуваат мирот на секој човек“
0

Честитка за Курбан Бајрам – „Сиромаштијата и корупцијата го нарушуваат мирот на секој човек“

232
0

Во името на поглаварот на Исламската верска заедница, годинешнавта честитка по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, до сите верници ја упати деканот на Факултетот за исламски науки, професор доктор Шабан ефенди Сулајмани.

Во честитката се вели дека овој празник е израз на љубовта и почитувањето меѓу верниците, чувства што во моментов ги делат со милиони луѓе и аџиите од Македонија кои што се наоѓаат на аџилак. Меѓудругото се вели дека ова е празник кој не потсетува сите дека треба да им се помага на другите. Упатен е и апел до политичарите да подразмислат сериозно и да се позанимаваат сериозно во врска со проблемите со кои секојдневно се соочуваат сите граѓани на оваа земја, а тоа е сиромаштијата, економската состојба, криминалот и корупцијата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *