Почетна Вера Честитка по повод Божик од Груевски до Евангелистичко-методистичката црква
Честитка по повод Божик од Груевски до Евангелистичко-методистичката црква

Честитка по повод Божик од Груевски до Евангелистичко-методистичката црква

157
0

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, упати честитка по повод празникот Рожденство Христово Божиќ до претседателот на Евангелистичко- Методистичката црква, Емил Заев и до нејзините верници.

Nikola-Gruevski-VMRO-DPMNE– Со особена радост и задоволство, на овој величествен ден, сакам Вам и на сите верници на Евангелистичко-методистичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник- Божиќ. Христовото раѓање е еден од најсилните симболи кој ги обединуваат сите христијани. Ова е денот на кој се присетуваме дека нашиот милостив Бог го испрати својот син меѓу луѓето, за никогаш да не останеме сами, за никогаш да не останеме без ѕвездата водилка во нашите животи, се наведува во честитката.

Воедно, се додава, Христовото раѓање е силата и вербата во нашето овоземно постоење, во нашите предизвици да ги пребродиме, во нашите невољи да ги разрешиме, во нашите жалости да ги разбереме, во нашите радости да ги удвоиме.

– Чувајќи го Бог во себе и следејќи го патот на синот Божји, на сами себе си даваме смирение, шириме љубов, толеранција и трпение, еден со друг се почитуваме и меѓусебно се разбираме. Тоа се вредности кои треба да ги негуваме и шириме, како во нашите семејства, така и во нашата заедница, во нашето општество, во нашата Македонија. Нека Бог биде постојано со нас, со нашите граѓани и со нашата Татковина !Нека е за многу години големиот христијански празник – Божиќ !Христос се роди ! Навистина се роди!, стои во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *