Почетна Вера Честитка од Валентина Божиновска по повод Божик
Честитка од Валентина Божиновска по повод Божик

Честитка од Валентина Божиновска по повод Божик

25
0

Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Валентина Божиновска упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник Раѓањето Христово – Божик.

valentina bozinovska slika– Дозволете ми во мое лично име и во името на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Вам лично, на членовите на Светиот архиерејски аинод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на целото свештенство и монаштво да упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик. Божик е најрадосниот празник меѓу христијаните, денот кога секој од нас во кругот на нашите семејства најмногу треба да се радува и да биде со Бога. Како народ на верата, отсекогаш сме граделе заедница врз вистинска божја љубов со која сме ги негувале највисоките духовни вредности и сме се радувале на божјите благослови, се вели во честитката од Божиновска.

Нашата Македонска православна црква-Охридска архиепископија, се додава, е вистинскиот пример за тоа. Таа е нашиот духовен светилник преку кој силно и гордо свети нашиот национален идентитет, нашето богољубие, столбот на македонската духовна и вековна опстојба. Големата љубов со која Бог на овој голем празник преку Раѓањето Христово се објави на сите луѓе е и наш заеднички стремеж, да не дозволиме да зацаруваат омразата и поделбите, туку љубовта, мирот и взаемното почитување.

– Токму затоа, нека празничната икона на новородениот Спасител биде постојано пред нашите духовни очи, да продолжиме да ја негуваме и чувствуваме божиќната радост традиционално присутна во секој наш дом и во секое наше семејство и истата да ја пренесуваме на нашите рожби и идни поколенија. Со овие празнични желби Ви го честитам овој светол и величествен празник, и Ви посакувам овие, но и сите денови да ги поминете во здравје, љубов и божји мир. Заедно со верниците на Македонската православна црква-Охридска архиепископија овде во татковината и насекаде во светот, да се поклониме пред новородениот Спасител обединети во нашата исконска вера и божја благодат. Христос се роди, се нагласува во честитката од Божиновска по повод Божик.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *