Почетна Вера Католичка црква Честитка од претседателот на Собранието по повод католички Божик
Честитка од претседателот на Собранието по повод католички Божик

Честитка од претседателот на Собранието по повод католички Божик

24
0

Претседателот на Собранието Талат Џафери, во негово име и во име на пратениците, упати честитка до граѓаните од католичка вероисповед кои го слават големиот христијански празник Божик.

-Соочени со тешката година која ја поминуваме и ние и целиот свет поради пандемијата со КОВИД-19, како луѓе се соочуваме со нашата кревкост и ранливост. Јасно е дека за надминување на овој тежок предизвик и навикнување на наметнатите промени во воспоставените навики и начин на живот потребна е огромна внатрешна, душевна сила и здраво резонирање на состојбата за тоа да се рефлектира и во добро здравје и позитивен дух. Во овие мигови, кога се ближат празниците, секој поединец има исклучително важна улога во ширењето на позитивните мисли на надеж, верба, меѓусебно разбирање и почитување, солидарност, хуманост, пожртвуваност и сплотеност. Со тоа што, сега сплотеноста се практикува на поинаков, виртуелен начин, меѓутоа, убавиот и топол збор, секако си го наоѓа патот до срцето на добронамерните луѓе. Дозволете уште еднаш да Ви го честитам големиот празник – Божиќ, да Ви посакам да имате убави празнични денови, во топлиот семеен круг, во добро здравје, мир, спокој и благосостојба, се наведува во честитката од Џафери.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *