Почетна Вера Католичка црква Честитка од премиерот Заев за католичкиот Божик
Честитка од премиерот Заев за католичкиот Божик

Честитка од премиерот Заев за католичкиот Божик

47
0

Божик е еден од најсветлите празници, носи нов живот, нова надеж за подобро утре за секој човек и за секое семејство, а годинава го славиме во посебни услови кои на светско ниво ги донесе пандемијата на КОВИД-19, напиша претседателот на Владата Зоран Заев во честитка до бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов по повод Христовото раѓање – Божик кој денеска го прославуваат католичките верници.

– Овој голем христијански празник секогаш ги повикува луѓето да се огледаат во делото и учењето на Исус Христос, како најинтимен и најрадосен момент во душата на секој верник, при што во мир и со спокоен дух заедно да го победиме злото и да го преобразиме во добро. Соочени со моќен непријател, но водени од Христовата љубов да се потсетиме на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме скромно и правично, а овие светли  денови да ги славиме во кругот на домот за да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни, истакнува премиерот Заев и апелира и за време на празниците да се почитуваат здравствените препораки.

Нагласува дека божиќните празници поттикнуваат на човечко милосрдие, на добри дела, на разбирање еден со друг и на љубов во семејствата, помеѓу соседите и пријателите и севкупно во нашата држава.

– Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божик! Христос се роди! Навистина се роди! Останете дома во добро здравје, имајте среќни празнични денови меѓу своите сакани, пишува Заев во честитката по повод католичкиот Божик.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *