Почетна Вера Честитка од премиерот Димитриев за Божик до Евангелистичко-методистичката црква
Честитка од премиерот Димитриев за Божик до Евангелистичко-методистичката црква

Честитка од премиерот Димитриев за Божик до Евангелистичко-методистичката црква

8
0

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведуванје на изборите, Емил Димитриев, по повод големиот христијански празник – Божик, упати честитка до претседателот на Евангелистицко-методистицката црква, Емил Заев и до сите верници на оваа црква во Република Македонија.

emil-dimitriev-slika– Дозволете ми во свое име и во име на Владата на Република Македонија, Вам и на сите верници на Евангелистичко-методистичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам големиот Христијански празник – Божиќ. Христовото раѓање, светол настан за човековиот род, празник кога нашите срца се широко отворени за доаѓањето на убавата вест. Спокојно, во мир и хармонија, со љубов и радост да го пречекаме раѓањето на синот Божји и пораките кои тој ни ги носи. Да правиме добри дела, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни еден за друг, во кругот на нашите семејства, помеѓу соседите и пријателите и севкупно во нашата држава, да го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено, се наведува во честитката.

Тоа е, се додава во честитката, патот на љубовта и спасението на човековиот род.

– Да го следиме Божјиот син кој е предводник на тој пат и да се радуваме што ја имаме можноста да чекориме по истиот. Нека вербата во Бога уште повеќе не зближи во нашата соработка и взаемно почитување, нека ни даде сила и поткрепа да ги умножиме причините кои не соединуваат и да ги надминеме препреките кои се исправени пред нашата татковина. Нека е за многу години големиот празник – Божиќ!, стои во честитката од премиерот Димитриев.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *