Почетна Вера Честитка од Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи по повод Водици
Честитка од Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи по повод Водици

Честитка од Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи по повод Водици

24
0

Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, до членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.

valentina bozinovska slika– Празнувајќи го денот на Христовото крштевање го празнуваме духовното раѓање и обнова на нашето единство преку верата. Со осветувањето на водите и објавата на божјиот лик помеѓу луѓето се осветли човековиот живот и се зацврсти темелот на верата, а вредностите на покајанието, прочистувањето, правдината и трпението добија вистинска смисла.

Затоа, на овој голем богојавленски празник да празнуваме и да се радуваме, со желба покрстената вода да ни даде нова сила за нови големи дела и успеси. Да си посакаме подобра иднина, здравје, а објавата на божјиот лик да нè зближи уште повеќе како народ во верата и среќата кои произлегуваат од големината на овој ден, наведува Божиновска во честитката.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *