Почетна Вера Честитка од Божиновска до Евангелско-методистичката црква по повод Божик
Честитка од Божиновска до Евангелско-методистичката црква по повод Божик

Честитка од Божиновска до Евангелско-методистичката црква по повод Божик

60
0

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по повод празникот Божик упати честитка до свештенството и верниците на Евангелско-Методистичката Црква во Република Македонија.

evangelsko-medodisticka– Во овие возвишени и среќни празнични денови дозволете ми Вам лично, на свештенството и на верниците на Евангелско-Методистичката Црква во Република Македонија, да Ви упатам искрени честитки по повод празникот раѓањето Христово-Божик. И оваа година го славиме Божик во духот на мирот и заедништвото, поттикнати од идејата за зачувување и негување на највисоките човечки вредности, во што особен придонес има Евангелско-Методистичката Црква, која во нашата земја како и во целиот свет ги афирмира највисоките духовни вредности осветлувајќи им го патот на многу верници кон нивна подобра и посреќна иднина, се наведува во честитката.

Воедно, се додава, отварањето на срцата на милиони луѓе да ја примат божјата љубов која најмногу зрачи на овој ден, претставува вистински предизвик и мисија која треба сите заедно да ја остваруваме и негуваме понатаму.

– Раѓањето Христово е чудо над чудата, празник над сите празници. Денот на Неговото Раѓање е ден кога голема радост му се објави на светот. Прво скришно во пештерата во Витлеем, а потоа и во целиот свет одекна големата вест и ја поттикна верата осветлувајќи го секое човечко срце. Само преку божјата љубов и споделување на радосната вест за Христовото раѓање можеме да ги отвориме нашите срца и да го разбудиме духовниот извор на спасението. Секој од нас е божје чедо и ја поседува најголемата дарба, а тоа е да се радува на божјата љубов, стои во честитката.

Затоа, се додава, за време на Божик, во молитвите, да ја разбудиме бескрајната љубов која денес му се откри на човекот, и во духот на мирот и заедништвото да се исполниме со евангелска љубов и божикна радост. Да се поклониме пред новородениот Спасител и заедно со ангелите да запееме: „Слава на Бога во височините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја”. ХРИСТОС СЕ РОДИ!.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *