Почетна Репортажа Чарши џамијата во Прилеп чека да се реши нејзината судбина
20170318_2_22479996_19993964_Web
20170318_2_22479996_19993963_Web
20170318_2_22479996_19993962_Web
20170318_2_22479996_19993961_Web
20170318_2_22479996_19993960_Web
20170318_2_22479996_19993959_Web
20170318_2_22479996_19993958_Web
20170318_2_22479996_19993957_Web
20170318_2_22479996_19993956_Web
20170318_2_22479996_19993955_Web
20170318_2_22479996_19993954_Web
20170318_2_22479996_19993953_Web
20170318_2_22479996_19993952_Web
20170318_2_22479996_19993951_Web
20170318_2_22479996_19993950_Web
20170318_2_22479996_19993949_Web
20170318_2_22479996_19993948_Web
20170318_2_22479996_19993947_Web
20170318_2_22479996_19993946_Web
20170318_2_22479996_19993945_Web
20170318_2_22479996_19993944_Web
20170318_2_22479996_19993943_Web
20170318_2_22479996_19993942_Web

Чарши џамијата во Прилеп чека да се реши нејзината судбина

647
0

Прилепската Чарши џамија, која за време на конфликт во 2001 беше оштетена, со години чека да биде рестарвирана. Ова османлиско дело, сместено во срцето на Прилеп, потекнува од времето на Фатих Султан Мехмет, а денес „потиштено“ чека да се реши нејзината судбина.

Џамијата се наоѓа во чаршијата во Прилеп, а изградена е во 1475 година и по повеќевековно опстојување, беше една од историските споменици кои беа оштетени за време на конфликтот во 2001.

Во август 2001 година беше нападнат воен конвој што патуваше од Скопје за Тетово. Во нападот загинаа 10 војници од Прилеп и неговата околина. Прилепчани, како реакција на нападот и како израз на револтот на Македонците ја запалија Чарши џамијата во Прилеп.

И покрај тоа што поминаа многу години, не се преземени конкретни чекори за реставрација на џамијата и прашање е кога ќе биде вратен нејзиниот стар изглед.

Претходно се тврдеше дека нема политичка волја за реставрација на џамијата, додека пак моменталната политичка криза во која се наоѓа државата, ги отежнува евентуалните вакви активности.

Во моментов, џамијата е руинирана, со разурнато минаре и делумно уништени ѕидови, а поради недостатокот на внимание и заштита, таа е жртва на сквернавење.

Во руинираната внатрешност се собираат алкохоличари, зависници од дроги, како и животни. Повеќепати ѕидовите на џамијата се палени, со цел таа да се уништи и да биде погребана во историјата.

– За ова прашање е информиран турскиот вицепремиерот Кајнак

Прилепскиот муфтија, Шефкет Имеровски, за Аnadolu Аgency (AA) изјави дека Исламската верска заедница во Македониа (ИВЗ) направи три договори во 2006, 2010 и во 2012 година со Министерството за култура на Македонија, со цел да се изврши реставрација на џамијата, но сѐ уште не е постигнат никаков резултат.

Муфтијата Имеровски изјави дека на оваа тема се одржуваат средби на високо и дека на отворањето на џамијата „Хајдар Кади“ во Битола во ноември, за ситуацијата го информирале вицепремиерот на Турција, Вејси Кајнак, кој беше во посета на Македонија. Имеровски изјави дека е потребно време и одредена политичка волја, и додаде дека сите сакаат џамијата да се реставрира.

Имеровски упати повик за помош до секој што е во можност да помогне за решавање на проблемот, првенствено до Турција.

„Не знаеме како ќе реагираат луѓето, поради политичката состојба во државата. Но, чаршискиот еснаф е за реставрација на џамијата, бидејќи во ваква состојба претставува штета за градот и за луѓето кои живеат во него“, вели тој.

Тој истакна дека во градот живеат повеќе од 20.000 муслимани и оти во центарот на градот нема простор за вршење на религиските обреди, така што побара од државата, институциите и од Турција да преземат нешто во оваа насока.

– „Верувам дека Турција ќе може да изнајде решение за проблемот“

Мустафа Топаловски, кој беше прилепски муфтија во периодот 2003 – 2015 година, изјави дека претходно Министерството за култура на Македонија дало одобрување за реставрацијата на чаршиската џамија во Прилеп, но оти нема политичка волја во државата за тоа да се спроведе.

Топаловски пренесе дека од надлежните институции во Македонија побарале џамијата да се реставрира и додаде: „Бараме и исто од Турција и луѓето кој се иселени од овој крај да ни помогнат да ја вратиме џамијата во она состојба како што беше пред 2001 година“.

Тој истакна дека добиваат голема поддршка од Турција, од секој аспект.

„Мислам дека Турција може да ни го реши овој проблем да се врати овој споменик, ова џамија ова минаре со османлиски нишани. Со таа градба, со враќање на Чарши џамијата ќе се врати и ликот на градот“, вели Топаловски.

Топаловски на крајот истакна дека народот веќе е свесен и оти освен од политичарите, никој друг не реагира. Тој додаде дека верските објекти никогаш не претставувале проблем за народот.

„Во османлиско време се градени и цркви. Македонскиот народ и прилепчаните не се против Чарши џамијата, затоа што ние отсекогаш сме живееле заедно“, истакна Топаловски.

/А.А.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *