Почетна Вести Регион Целосен дебакал на средбата во Јордан – и Антиохискиот патријарх откажа учество
Целосен дебакал на средбата во Јордан – и Антиохискиот патријарх откажа учество

Целосен дебакал на средбата во Јордан – и Антиохискиот патријарх откажа учество

712
0

На три дена пред почетокот на средбата на поглавари на православните цркви во Јордан, закажана за 26 февруари, своето учество го откажа и Антиохискиот патријарх Јован, иако претходно неговото учество беше сосема извесно.

Веста дека Антиохија нема да учествува на оваа средба дојде како шок за Ерусалимскиот и Рускиот патријарх, што сега практично го прави одржувањето на овој собор беспредметно.

Во официјалното соопштение на Антиохиската патријаршија стои дека таа нема да учествува на таа средба, бидејќи спреди информациите со кои располага и нејзината желба е, да избегне се што би можело дополнително да ја продлабочи разделбата браќата и нивното несогласување.

Интересно е да се потенцира дека ден пред Антиохија да го откаже учеството, Ерусалимскиот патријарх објави соопштение во кое изрази задоволство што Антиохискиот патријарх ја прифатил поканата за учество.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *