Почетна Репортажа Цел Балкан оди на прспивање во острошкиот манастир
Цел Балкан оди на прспивање во острошкиот манастир

Цел Балкан оди на прспивање во острошкиот манастир

1.23K
0

Според кажувањата, слепи прогледале, неподвижни прооделе, болни од најтешки болести се излекувале и неплодни добиле деца откако стапнале и се помолиле пред моштите на св. Василиј Острошки, кои не се закопани, туку се чуваат покриени во отворен ковчег.

ostrog-2Кој било дел од годината да отидете, без разлика дали е празник или делник, во Острошкиот манастир во Црна Гора ќе видите толпа народ, насобрани мажи, жени и деца, едни доаѓаат, а други си заминуваат. Најчесто се слушаат балканските јазици, а доаѓаат луѓе и од подалеку, па дури и од Австралија и Кина. Можат да се сретнат и муслимани, иако се работи за православен храм.

Многумина остануваат да преспијат во конаците доколку има место, но најголем е бројот на оние што ја минуваат ноќта во дворот на манастирот замотани во ќебиња под ведро небо.

Екипа на Телеграф помина една вечер кај манастирот. Додека престојувавме таму видовме и стари и млади, како и многу мали деца исполегнати кој каде стигнал на земјата. Дворот беше преполн, па тие што не најдоа таму место, се сместија надвор, по улицата покрај паркираните автомобили.

Беше тоа слика на навидум голем број бездомници на едно место. Сепак, реалноста и побудата за ова преспивање на отворено во манастирскиот двор се сосема поинакви. Покриени со ќебиња кои ги дава црквата, луѓето минуваат една ноќ како да се во кожата на оние што немаат свој дом. Низ годините се пренесува верувањето дека тоа се прави за здравје.

Целата репортажа прочитајте ја на ТЕЛГРАФ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *