Почетна Вести Ислам Бузаку побара Реџепи за 72 часа да ја напушти ИВЗ
Бузаку побара Реџепи за 72 часа да ја напушти ИВЗ

Бузаку побара Реџепи за 72 часа да ја напушти ИВЗ

157
0

Пред седиштето нa Исламската верска заедница (ИВЗ), Скендер Бузаку, кој е претендент за поглавар, му постави ултиматум на актуелниот поглаварот Сулејман Реџепи до петок да го напушти седиштето на верската заедница, а доколку не го стори тоа, најави дека ќе објави страшни докази против него. Бузаку потенцира дека доказите ќе покажат оти Реџепи правел тешки кривични дела додека бил на чело на ИВЗ. Пред седиштето на ИВЗ беше присутна и полицијата.

– Му дадовме 72 часа на Реџепи да ја ослободи ИВЗ. Како што си дал оставка, така да ја ослободи зградата на ИВЗ, во спротивно ние ќе објавиме страшни докази, а во нив има тешки кривични дела сторени од него – вели Бузаку.

Бузаку упати порака до Реџепи да ги врати на работа сите оџи, професори, свештеници, кои ги исфрлил изминатите години. На другите, кои сè уште се вработени, им порача дека нема да го изгубат работното место.

– Сите оџи, професори, свешетеници, кои Сулејман Реџепи ги исфрлил од работа и шетаат на улиците, да бидат повторно вклучени во ИВЗ. Тие останале без работа бидејќи мислеле поинаку. Оние што сè уште се вработени и се чисти нема да го изгубат работното место, туку ќе им се овозможат подобри работни услови – додава Бузаку.

Запрашан зошто доказите против Реџепи не ги објавил досега, Бузаку вели дека тоа се должело на општата ситуација во државата, односно заложбите за влез во ЕУ и НАТО.

Спрегите во ИВЗ доаѓаат кога во април годинава Граѓанскиот суд констатирал дека актуелниот реис Сулејман Реџепи во март годинава поднел неотповиклива оставка по што Ријасетот на ИВЗ одржал вонредна седница, на која е прифатена поднесената оставка. Според судот, на оваа седница, одржана на крајот од март, за нов реис бил назначен Скендер Бузаку.

Oд ИВЗ тврдеа дека потписот на актуелниот реис Сулејман Реџепи е фалсификуван на оставката. Велат дека е стар меморандумот на оставката, а фалсификуван е и печатот. Според нив, реисот не поднесува оставка во документ со меморандум и во неа не се користи печат на ИВЗ, а во оставката доставена до судот има.

/N.Makedonija

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *