Почетна Вести Бурса ја заствора единствената христијанска црква во градот
Бурса ја заствора единствената христијанска црква во градот

Бурса ја заствора единствената христијанска црква во градот

321
0

Турција ја затвора и последната христијанска црква во градот Бурса. Градскиот совет ги известил Христијаните дека до 26 март треба да го напуштат објектот каде сега литургии држат и Православните и Католиците и Протестантите.

Сите три цркви заеднички ја користеа зградата која е позната како „француска црква“ и сега ќе останат на улица.

Француската црква е изградена во 80 тите години на 19 век од Католици, а во 2004 година зградата е реконструирана и општината Бурса дала дозвола на локалните христијани да ја користат за свои богослужби.

Сега откако свештениците побарале обновување на дозволата за користење на зградата, локалниот општински совет тоа барање го одбил.

На 18 февруари и официјално биле известени дека траба да го напуштат храмот до 26 март.

Според веста што ја објавува сајтот „Christian Today” претставниците на четирите вероисповести, кои ја користеле зградата, се во постојан контакт со властите со цел да се спречи затворањето на црквата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *