Почетна Вести Христијанство Буловиќ и СПЦ ја менуваат стартегијата – место напади, хвалоспеви за Македонија и повик за дијалог
Буловиќ и СПЦ ја менуваат стартегијата – место напади, хвалоспеви за Македонија и повик за дијалог

Буловиќ и СПЦ ја менуваат стартегијата – место напади, хвалоспеви за Македонија и повик за дијалог

822
8

Ја менува ли СПЦ позицијата кон Македонското црковно прашање и најавува ли можност за дијалог, откако стана јасно дела Вселенската патријарпшија нема намера да се откаже од решавање на статусот на МПЦ-ОА?

Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, еден од најтврдокорните архиери на СПЦ, прв пат по долги години во интервју за ТВ. Храм вели дека има простор за возоновување на дијалогот и барање решение.

Иако во прашањето за Македонија воопшто не се споменува Вселенската патријаршија, сепак се констатира дека во Македонија во последно време не постои прогон на ПОА и на Јован Вранишковски, што пак е услов за враѓање на разговрите.

-Навистина фала му на Бога, сега нема судско-полициско насилство над првоерархот на автономната Охридска Архиепископоија,… нити над останатите архиереи…. Се уште не е ставена точка на можноста за обнова на притисокот…, но сепак најважно е тоа што сега практично нема притисок…. За жал останува една константа, упорно се избегнува спроведување на одлуките на содот во Стразбур за регистрација на ОА.

Сметам дека, без обзир на овие негативни пропратни појави, општата атмосфера кај нашиот јужен сосед овозможува продолжување на дијалогот помеѓу нашата Црква и Црквата која е во раскол. И не само што омозможува, туку не поттикнува и не повикува на дијалог како единствен исправен и ефективен начин за надминување на овој повекедецениски проблем. Единството на Црквата и нејзиниот канонски поредок за нас се најголем Божји дар, и воедно најважна задача и подвиг, вели бачкиот епископ Иринеј Буловиќ.

За многумина кои се познавачи на црковните прилики и кои ги следат изјавите на овој епископ,  овие слаткоречиви реченици се толку невообичаени што оставаат доста голем сомнеж за ново смислено сценарио за нова замка за МПЦ-ОА.

Една од скриените намери е Црковен Белград на овој начин прави обид преку активирање на дијалогот со Скопје да го пресретне обидот на Цариград за решавање на македонското црковно прашање. Преку изјавата се гледа дека сега Владината Јован се прокламира како дел од решението за признавање на македонското црковна автокефалност.

Другата скриена намера е во интерес на Црковна Москва, а тоа е да се избегне каква било опоција за автокефалност како решение во Македонија.

Коментар(8)

  1. Ne sum advokat ni na SPC, ni na MPC, ali dobro mi se poznati odnosite pomedju niv. Dobro mi e poznat stavot na SPC i Teoloskiot kapacitet vo MPC, pa vrz osnova na toa mozam da kazam deka sosema se bez vrska pisanijata vo ovoj ateisticki (laicki) portal na ovie novinari-Radmila, Branko I Marjan, a osobeno na vas komentatorite na ovei pisanija. Prvo Irinej Bulovic e roden I odrasnat vo s. Stanisic, vo Slavonija I nema nikakva vrska ni so Cincarite, nitu so Gorna ili dolna Belica, ni so Struga, isto kako sto Dositej Stojkovic (Stojkoski), prviot poglavar na MPC, koj e roden vo Smederevo, sto nema nikakva vrska so Mavrovo. Vtoro, vo 800 godisnata Istorija na SPC, MPC se spomnuva (se pojavuva) kako poim vo vremeto na vladeenjeto na Komunistite koga SPC e prognata, od sega vecem Severna, a vo idnina ne se znae koja Makedonija, dali albanska ili bugarska, a sekako ne stara Srbija ili juzna Srbija, koga SPC e prognata, a srpski manastiri i crkvi pretvoreni vo istoriski spomenici. Takva MPC, komunisticke tvorba, SPC nece I nema da ja priznae. Treto, sto ce pravi so Vraniskovski, na kogo, bas toj od Carigrad mu ima dade no gramata, tomos, so titulaArhiepiskop ohridski, a ne makedonski. itn, itn…

  2. Kako do sega i sega povikot e upaten so cel MPC da se vrati vo kanonsko edinstvo so SPC, pod jurisdikcija na POA, prvonastijatelot Vraniskovski koj e,, makedonske gore list,, kako i negovite bratija, preosvecenite Marko, David i Joakim.

  3. После 60 год слободни времиња и силна Црква се надеваат на човек кој во очи им кажа треба да се лекуваат, Црква каде бедните ги презираат а ревнителите ги протеруваат од манастирите.
    Борете се регистрирајте ја ПОА народот ќе одлучи,а дали ќе сватат овие лозари декa народот им е даден од Бога и црквата постои за народот ќе видат кога истипт народ заредно со Бога ќе одлучува каноска црква и чисто православие или ерес!

  4. џабе, се пењавите, мпц со спц не се спојува, а главна пречка се идиотите од поа; тргнете ги тие гнаси, веднаш ќе најдеме решение…

  5. Подобро со СПЦ отколку погибел во Екуменизам и ерес!

  6. Mile, do sega od raskol nikoja crkva ne vlegla vo avtokefalija. Ova sto go pravi vselenskiot parijarh so Ukraina e rezultat na pritisokot od NATO i EU, nema nikakva vrska so Pravoslavieto, toa e I eden poteg na rasturanje na Pravoslavieto, na steta na Pravoslavieto.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *