Бугарскиот премиер Борисов им бакна „десница“ на македонските владици

Date:

Share post:

Премиерот Зоран Заев го пречека бугарскиот Премиер, Бојко Борисов во струмичкиот манастир Водоча, кој е епархиско седиште на Струмичката Митрополија на владиката г. Наум.

На пречекот на Борисов, покрај владиката Наум беа уште тројца членови на Синодот на МПЦ-ОА, Европскиот митроиполит г. Пимен и Тетовско-гостиварскиот г. Јосиф и Кумановско-осоговскиот г. Јосиф.

Борисов по влегувањето во манастирот искажа почит кон владиците на МПЦ-ОА, бакнувајќи им рака на сите владици кои го пречекаа. Премиерот Заев му ги претставуваше и водено го запозна со нив.

Заев и Борисов заедно со владиците на МПЦ-ОА имаа кратка средба во манастирот, но засега нема детали за што е разговарано. Но, со чинот на пречек во манастирот, епархиско седиште на владиката Наму, сосема лесно може да се прочита пораката што ја испраќа Премиерот Заев,  а таа е во насока на  поддржувач на иницијативата за приближување на односите меѓу МПЦ-ОА и БПЦ.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img