Почетна Анализа Бугарскиот патријарх дава надеж за автокефална МПЦ
Бугарскиот патријарх дава надеж за автокефална МПЦ

Бугарскиот патријарх дава надеж за автокефална МПЦ

103
2

Македонската православна црква – Охридска архиепископија може да очекува позитивен исчекор за решавање на нејзиниот статус оваа година. Реализација на договорот од Преспа е првиот чекор кон можноста вселенскиот патријарх Вартоломеј да го отвори прашањето и за автокефалноста на МПЦ. Такви надежи има и во Бугарската православна црква, која ја поддржува автокефалноста на нашата црква.

Бугарскиот патријарх Неофит очекува решавањето на прашањето за името на Македонија да го придвижи и македонското црковно прашање. Ова го изјавил пред два дена, по неделната литургија во соборната црква „Света Недела“ во Софија.

– Сѐ уште се работи околу името на државата Македонија. Кога ќе се утврдат сите детали, ќе се придвижи сигурно и црковното прашање – изјави поглаварот Неофит.

Прашан каква е позицијата на БПЦ за автокефалноста на Украинската црква, патријархот Неофит посочил дека тоа прашање допрва ќе биде разгледано.

– Ова важно прашање ќе биде на дневен ред. Ние ќе го разгледаме – кратко одговорил патријархот Неофит.

Верскиот аналитичар Бранко Ѓорѓевски вели дека многупати досега и македонската јавност го укажувала истото што и бугарскиот патријарх, односно дека со решавањето на проблемот за името ќе се отвори и црковното прашање. Сепак, според Ѓорѓевски, индикативно е што и патријархот Неофит нагласува дека тоа ќе биде голем стимул за нашиот црковен проблем.

– Изјавата на бугарскиот патријарх е позитивна реакција во однос на МПЦ. Патријархот Неофит како да навестува дека Вселенската патријаршија треба да биде таа што ќе го решава прашањето. Не зборува за улогата на неговата Бугарска црква, која македонските владици беа подготвени да ја признаат за мајка-црква. Како сѐ да се остава во рацете на Вселенската патријаршија, а што е и сега главна адреса и од која треба да чекаме добри вести – истакна Ѓорѓевски.

МПЦ-Охридска архиепископија во 2017 година побара Бугарската православна црква да биде нејзина мајка-црква и да се избори за нејзината автокефалност. Потоа, Синодот на БПЦ, создаде специјална комисија за решавање на прашањето и веќе беа спроведени првите средби. Но, досега Бугарската црква официјално не се изјаснила конкретно околу ова прашање. Најзначајниот настан за МПЦ беше кога Вселенската патријаршија на крајот на мај 2018 година излезе со официјално соопштение, во кое презеде одговорност за решавање на нејзиниот канонски статус.

/Радмила Заревска (Нова Македонија)

Коментар(2)

  1. Carigradskiot patrijarh e samo prv po čast , a nikako po vlast. Toj nema pravo da dava avtoķefalija, tuku samo da potvrduva i da izdava tomos ili avtokefalijata na novopriznaena crkva da ja vnesuva vo diptihot na pravoslavnite crkvi. Ova što go stori so Ukrainskta crkva kako del od Ruskata e negovo samlvolie i nisto drugo, kako što i stavanjeto na eparhiite koi se von dijacezata na matičnite crkvi. Isto taka e i samovolja na MPC što pobarala BPC , kako sluga na bugarskiot fašizam, da i bide majka crkva.

  2. Da e vo pravo carigradskiot patrijarh vo postapkata so Ukrainskta crkva , ne bi go ignoriral Moskovskiot patrijah. Vokolku se izlaže isto taka da postapi i so makedonskata crkva, kade sto e introniziran Vraniškovski i so Crnogorskta isto taka da postapi, ignoriranje će mu dpdeli i SPC . Toa će mu bide osuda od polovina na pravoslavnite i toj će bide poglavar samo na grčkiot blok na pravoslavite crkvi, so što pravoslavieto će ja doživee 1054 godina.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *