Почетна Вести Регион Бугарскиот егзарх Стефан, добил благодарница од Израел за спасувањето на бугарските Евреи
Бугарскиот егзарх Стефан, добил благодарница од Израел за  спасувањето на бугарските Евреи

Бугарскиот егзарх Стефан, добил благодарница од Израел за спасувањето на бугарските Евреи

566
0

Веста дека Бугарската православна црква е номинирана за Нобеловата награда за мир, иницијатива поднесена до Нобеловиот комитет од поранешниот министер за здравство на Израел и пратеник Ефраим Снех, професорот по право и адвокат Моше Алони, предизвика голем интерес во јавноста.  Номинацијата за Нобелова награда е признание за улогата на Бугарската црква во процесот на спасување на бугарските евреи во Втората Светска војна.

Иако многумина беа изненадени од фактот што оваа номинација доаѓа од самите Евреи, а и иницијативата е поддржана од потписите на повеќе од 200 наследници на спасените бугарски Евреи, сепак историските податоци покажуваат дека во Израел  на улогата на БПЦ во овој процес се гледало позитивно уште многу одамна.

До редакцијата на „Религија.мк“ пристигна фотографија од благодарница што државната комисија при музејот во Ерусалим му ја издала на тогашниот бугарски егзарх Стефан I за придонесот во процесот на спасување на бугарските Евреи. Според информациите, оваа грамота денеска се чува во софискиот архив на Бугарската академија.

Благодарницата била непозната и за бугарската јавност до пред 3 години
Благодарницата била непозната и за бугарската јавност до пред 3 години

Интересен е податокот дека овој документ и за бугарската јавност бил непознат до пред три години.

Stefan egzarh BPCИнаку, Стефан I бил егзарх на Бугарската православна црква од 1945 од 1948, и тој учествува во процесот на признавање на автокефалноста на БПЦ. Поради судир со Бугарските комунистички власти, принуден е да поднесе оставка во 1948 година. Починал 1957. Благодарницата од Израел, најверојатно е издадена во текот на педесттите години на минатиот век.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *