Почетна Вера МПЦ-ОА Бугарски владика на прославата на патронот на Струмица

Бугарски владика на прославата на патронот на Струмица

906
0

Струмица им се поклони на своите заштитници, Светите 15 тивериополски маченици. Празникот посветен на 15 – те светители кои го положиле животот за христијанската вера беше одбележан со Света архиерејска литургија со која чиноначалствиваше  митрополитот Дебарско Кичевски Тимотеј во сослужение на митрополити од МПЦ – ОА и во присуство на струмичкиот владика Наум. За прв пат како гостин на литургијата присуствуваше и  пратеникот на патриархот на Бугарската православна црква Нофит,   епископот Велички Сиониј. Тој на крајот од службата им се обрати на присутните верници и го прочита писмото со поздрави од врвот на БПЦ  потенцирајќи дека петнаесетте светители се многу почитувани и во Бугарија.

На новинарско прашање околу актуелната тема со писмото кое МПЦ – ОА го упати до бугарската православна црква бугарскиот епископ изрази надеж дека многу брзо и тоа ќе биде решено.

За отец Јаков од Струмичката Епархија присуството на бугарскиот епископ и поздравното писмото кое денеска беше упатено од нивната црква е многу значајно. Тој се надева дека МПЦ што побргу ќе стапи во канонско и ефхаристиско единство бидејќи како што рече тоа го очекува и БПЦ и е заедничка желба на двете страни.

,,Писмото коешто е упатено и неговото обраќање е во духот на сестринска црква, а она што велиме мајка црква се однесува исклучиво во однос на останатите православни цркви и ако веќе го толкуваме поимот мајка црква тоа е пред се акт на љубов отколку некаква позиција на власт.,, вело отец Јаков – Струмичка епархија

Покрај големиот број верници на денешната свечена литургија во црквата Свети 15 Тивериополски свештеномачениции присуствуваа и премиерот Зоран Заев, градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски и голем број гости.  Во рамките на обележувањето на празникот советот на општината одржа свечена седница на која беа доделени општинските годишни награди на поединци и институции кои дале посебен придонес во афирмацијата на градот во и надвор од државата.

/СИТЕЛ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *