Почетна Вести Бугарски игумен подари икона на Бигорски
5
4
3
2
1

Бугарски игумен подари икона на Бигорски

1.20K
0

Игуменот на Свештената Тројанска Обител, Неговото Преосвештенство, епископот Велички, г. Сиониј, подарил икона со ликот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец,  на Бигорската Обител.

Станува збор за една преубава икона, изработена во сребрен опков со позлата, украсен со бисери и полудраги камења.

Иконата била изненадување за бигорските монаси, а ја донел јеромонахот Стефан, од Тројанскиот Манастир,  заедно со авторите Димчо и Антонија Димчовски и Кирил Томанов – извонреден резбар на минијатури.

Иконата е наменета за манастирот во Рајчица.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *