Бугарски Епископ молитвено учествувал на литургија предводена од Архиепископот Стефан
Бугарскиот викарен епископ, Тивериополски г. Тихон, вчера присуствувал на литургијата што за денот на сесловенските просветители, „Светите Кирил и Методиј“ во Соборниот храм во Скопје ја служел Архиепископот г.г. Стефан.
Бугарскиот гостин, кој е во делегацијата со претставници на Бугарската академија на науките, како дел од заедничкото чествување на Светите Кирил и Методиј на ниво на академии на науки, земал и молитвено учество во вчерашната богослужба.
Тој заедно со Архиепископот г.г. Стефан ги благословил верниците во Соборниот Храм „Свети Климент Охридски“.
На идентичен начин, тоа го направи и Архиепископот г.г. Стефан пред две години во Софија во храмот „Св. Александар Невски“ заедно со Патријархот на Бугарската Православна црква, г. Неофит, кога беше воспоставена праксата за заедничко одбележување на овој прзник.
Инаку, веста за молитветното учество на бугарскиот епископ, Скопската епархија ја објави ден по настанот. Претходно за овој настан медиумите воопшто не беа информирани.
ГАЛЕРИЈА:
/РЕЛИГИЈА.МК / ФОТО: С.Е.