Почетна Вести Бугарската православна црква го шокираше Православието. Големиот Собор пред свршен чин
Бугарската православна црква го шокираше Православието. Големиот Собор пред свршен чин

Бугарската православна црква го шокираше Православието. Големиот Собор пред свршен чин

1.24K
0

На две недели пред одржувањето, Сеправославниот и Голем Собор е пред најсериозниот предизвик дали воопшти и ќе се одржи и во кој состав. Бугарската православна црква денеска го стави пред свршен чин одржувањето на долгонајавуваниот и веќе закажан Собор на Православната црква.

sinod bpc siСинодот на БПЦ донел едногласна одлука со која бара одложување на Соборот до негово целосно подготвување, во спротивно најавува дека нема да учествува во неговата работа.

Веста, што денеска ги шокираше православните цркви, е објавена официјалната страница на Бугарската Патријаршија и во нејзе се потенцира дека тоа е едногласен конечен став на Синодот на БПЦ.

Владиците на Бугарската црква едногласно заклучиле дека нема услови за одржување на Соборот и бараат негово одложување, што пак ако не се случи тие нема да испратат делегација во Крит.

Засега нема официјален одговор од останатите православни цркви, ниту пак од Вселенската Патријаршија. Но, доколку Бугарските архиереи останат на овој став, тогаш во кој било случај Соборот на Православната црква за кој се чекаше 1200 години, ќе доживее дебакал. Неговото одложување ќе значи целосен дебалак, а од друга страна пак неучеството на бугарската црква на него, освен што ќе значи пропаст, ќе значи и сериозен раскол во Православието, особено што овие ставови на БПЦ ги делат уште многу други Архиереи од други цркви, кои можат да го следат чекорот на БПЦ.

Инаку владиците на Бугарската црква сметаат дека Сеправославниот Собор треба да се одложи поради неколку причини. Првата дека во дневниот ред недостасуваат теми важни за Православието. Втората причина е зачестените официјални изјави на помесните православни цркви кои не се согласуваат со некои од текстовите на Соборот. (Последен таков став имаше Грузиската православна црква, која одлучи дека ако нема промени во некои од точките, нејзините владици нема да ги гласаат). Третата причина, што БПЦ ја наведува е не можноста да се интервенира во предлог точките за дневниот ред. Потоа за Бугарската патријаршија е особено спорен распоредот на местата за седење во салата каде ќе се одржува Соборот, за кој БПЦ оценил дека предложениот распоред го нарушува принципот на рамноправност меѓу Автокефалните цркви.  Меѓу причините за барањето за одложување се наведуваат и позициите на гостите, како и преголемите финансиски обврски кои треба да ги поднесе БПЦ за евентуално учество на Соборот.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *