Почетна Вести Регион Бугарската полиција контролирала домови на граѓани кои пишувале негативни коментари на Фејсбук за рускиот патријарх
Бугарската полиција контролирала домови на граѓани кои пишувале негативни коментари на Фејсбук за рускиот патријарх

Бугарската полиција контролирала домови на граѓани кои пишувале негативни коментари на Фејсбук за рускиот патријарх

275
0

Бугарската полиција ги посетила домовите на неколку граѓани од Софија и од нив барала да потпишат изјави дека нема да му се закануваат на Рускиот Патријарх Кирил, кој беше во тридневна посета на Бугарија, објавуваат бугарските медиуми.

Непосредно пред доаѓањето на поглаварот на Руската Православна Црква, полициски службеници биле во домовите на неколку лица кои преку социјалните медиуми пишувале негативни коментари за посетата на рускиот Патријарх, предупредувајќи ги да не посегунуваат по какви било закани за безбедноста на патријархот.

Некои од лицата кои биле посетени од полицијата објавиле и видео на социјалните медиуми од настанот.

Овие мерки за претпазливост во бугарската јавност се дочекани со голема доза на неверување, бидејќи велат дека станува збор за лица кои преку социјалните медиуми искажувале емоционални реакции за посетата на рускиот Патријарх и не станува збор за какви било закани за неговиот живот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *