Бугарската јавност гневна – Благоев бара Синодот да се произнесе за изјавите на Патријархот

Date:

Share post:

Не стивнуваат реакциите во бугарската црковна јавност за изјавата на Патријархот, со која побара прошка за учесниците во „Народниот суд“, настан случен со доаѓањето на Комунистичкатапартија на власт во Бугарија. Горан Благоев, ексерт за верски прашања, вели дека колективна прошка нема, исто како што нема ни колективно покајание.

Според него, патријархот Даниил, како и секој духовник, треба да повикува кон прошка, кон покајание, кон христијанска смиреност, кон Божјата љубов — и тука нема ништо спорно, но прашува како жртвите да се помират со тоа?

-Тие што ги убиваа христијаните — нивни браќа и сестри ли се во Христа? Не можам да си го замислам тоа. Атеистите кои ја отфрлаа црквата, ја отфрлаа верата, рушеа храмови, ги убиваа не само политичките, интелектуалните и културните елити — тие убиваа и духовници. Не само православни, туку и католици, протестанти, муслимани. И тоа не е само Народниот суд; тоа се годините на атеизмот, со жртви сè до 1989 година. Комунизмот дојде под знамето на атеизмот, под знамето на безбожништвото“, посочи тој и праша како патријарх Даниил може да ги нарече егзекуторите од Народниот суд „браќа и сестри наши во Христа“.

-Тука во целост се согласувам со масовната реакција и со незадоволството против овие непромислени зборови на патријарх Даниил, затоа што тоа значи обид да ја заматиме вистината, брзопотезно да се затвори таа непрочитана страница. Бидејќи и ден-денес партијата поврзана со Народниот суд не излезе јавно да побара прошка, ниту да се покае, дури ни во политички контекст“, додаде Благоев. Тој истакна дека Бугарија сè уште е далеку од Меморијалот на помирување направен во Шпанија. Потребно е целосно истражување на Народниот суд, со кое дури сега почнуваат да се занимаваат младите историчари. Сè уште нема место за помирување, е категоричен новинарот.

Големото прашање, според Горан Благоев, е: можеме ли да зборуваме за прошка ако не ја оддадеме почитта кон жртвите на Народниот суд, особено од христијанска перспектива?

Според него и Светиот синод треба да одговори дали пораката на патријархот била усогласена со него.

-Светиот синод, Бугарската православна црква, не им оддаде почит на жртвите на комунизмот преку канонизација, вклучувајќи дел од жртвите на Народниот суд, но нè повикува да им простиме на виновните. Светиот синод не најде сила да излезе и јавно да побара извинение — дури не ни прошка — туку извинение. Тоа е големата драма на Бугарската црква: таа не го изживеа својот катарзис и не се ослободи од своето комунистичко наследство, заклучи тој.

1 COMMENT

  1. Експерт за верски прашања? А за која и каква вера? О, тоа е trendy западен жаргон. Бугарија како докажана прибројаница кон современиот западен стандард на класификација на професиите воопшто не заостанува зад неговите водечки сили. Еве како изгледа тоа: светски познатиот персиски stand up комичар Макс Амини прашува човек од публиката: “Со што се занимаваш, брате?” Гледачот одговара: “Јас сум инженер за поддршка на корисници.” Амини мошне сомничаво: “Инженер за што? Сигурен ли си дека не си телефонски оператор, брате? Кој ви ги смислува овие титули! И за што си разговараш со корисниците?” Одговор: “Па, за се’ што ги интересира за производите што им ги продаваме.” Амини: “Разбирам, на кое копче вклучуваш, каде го засилуваш гласот и слични работи.” Публиката се смее, а инженерот за поддршка на корисници клима со главата исто така кикотејќи се на своја сметка. Амини: “Тоа е убаво, брате. Да знам дека ако еден ден и’ здодеам на мојата публика би можел едноставно да се вработам како инженер, додуша за поддршка на корисници, но титулата звучи скоро па гламурозно за некој како мене. Не сум ни сонувал дека некогаш би имал изгледи да ме нарекуваат некаков инженер.” Така отприлика е и со експертиве за верски прашања.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here