Почетна Вести Бугарската црква застана на страната на антиекуменистите
Бугарската црква застана на страната на антиекуменистите

Бугарската црква застана на страната на антиекуменистите

476
1

Бугарската православна црква и официјално како црква се спротивстави на утврдените текстови од документите за „Сеправославниот собор“ кој треба да се одржи на островот Крит во периодот од 16 – 27 јуни. Синодот на БПЦ не го прифаќа текстот на документот од точката која се однесува на комуникацијата со останатите христијански цркви.

SAS NA BPCБугарската православна црква со официјално соопштение потврди дека ги прифатила предлозите за промени во предсоборните документи, направени по предлог на Ловчанскиот митрополит Гавриил. Тие се однесуваат на текстот наречен „Односот на Православната Црква со останатиот христијански свет“. Корекциите во документот се поткрепени со потписот од свештениците на Ловчанската епархија. Промени на текстот барал и Пловдивскиот митрополит Николај, којшто доставил и писмо со потписите од 240 свештеници на Пловдивската епархија.

Синодот на БПЦ; соопшти дека промени на предсоборниот текст „Односот на Православната Црква со останатиот христијански свет“, биле изгласани во следните делови.

„Во врска со точка 4 од документот ’Односот на Православната Црква со останатиот христијански свет‘:

Во Православната Црква под ’единство на сите‘ секогаш се подразбирало, дека оние коишто паднале во ерес или раскол, треба најпрвин да се вратат во православната вера и да покажат послушание кон Светата Црква и тогаш, преку покајание, ќе можат да бидат примени во Црквата.

Во врска со точка 5: ’Современите двострани богословски дијалози… имаат за цел да го побараат изгубеното христијанство единство‘…

lovcenski gavril 2Тука треба да се прецизира дека во Светата Православна Црква, којашто е единствена и една, никогаш не е изгубено единството во верата и заедничарењето во Светиот Дух меѓу христијаните и така ќе биде до свршетокот на светот, како што и Самиот Господ рекол: ’Портите на адот нема да ја надвладеат‘ (Матеј, 16, 18).

Во врска со 6 – та и 16 – та и другите точки:

Освен Светата Православна Црква не постојат други цркви, туку единствено ереси и расколи; и да се наречат последните ’цркви‘, богословски, догматски и канонски е погрешно.

Во врска со точка 12:

Во 12 – та точка, кажаното дека ’при спроведувањето на богословски дијалози, општата цел на сите е конечно востановување на единството во вистинската вера и љубовта‘, е сосема погрешно и неприфатливо, зашто треба да се прецизира дека враќањето кон вистинската вера се однесува на еретици и расколници, а во никој случај не се однесува на Православната Црква.

Слава на Бога што Бугарската Православна Црква во текот на 1998 година излезе од Светскиот совет на црквите, со што го изрази своето неодобрување на неговата дејност, бидејќи не може да членува во организација, во којашто е сметана за ’една од многуте, или како клон на Едната црква, која бара начин и се бори за нејзиното востановување токму на тој Светски совет на црквите‘.

Еден е Господ, Една е Црквата, како што се вели во Символот на Верата“., стои во соопштението на Синодот на БПЦ.

Бугарската патријаршија соопштува дека овие предлози за промени во текстот на документот ќе бидат претставени и одбранети како ставови на Бугарската Православна Црква, на „Сеправославниот Собор“ во Крит во текот на оваа 2016 година.

Коментар(1)

  1. Добро, редакцијо, констатираме дека веќе ја претерувате. Некој навистина треба да поработи со вас во врска со насловите на статиите што се објавуваат на вашиот сајт.
    Ако Бугарската Црква застанува во одбрана на православното учење, вие застанувате како апологети на екуменистите? Вашиот сајт е проеретички настроен? Каков заклучок сакате читателите да изведат со ваквите наслови? Не е првпат, па да прогледаме низ прсти.
    Со овој начин на известување, ќе ги изгубите посетителите и поддржувачите, што според моето искрено мислење би било штета.

    И на крајот, треба секој православен христијанин да знае, дека одредени точки и начините на изјаснување, гласање и работа на претстојниот Сеправославен Собор (иако не сите православни се поканети да учествуваат), се во сивата граница на противно на Православието учење, што во крајна сметка го покренува прашањето на легитимност на така донесените одлуки. Следствено ако некој ги изведува на виделина проблемите кои произлегуваат од самоволното однесување на Патријаршијата во Фанар, тој не е антиекуменист (што е комплимент, а не как вас што ви е намерата), туку бранител на чистата и благочестива вера на православните.

    Секој кој исповеда поинаку од „ЕД

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *