Почетна Вести Бугарската црква во војна со новинарите
Бугарската црква во војна со новинарите

Бугарската црква во војна со новинарите

355
1
Горан Благоев, новинар и автор на „Вера и општество“
Горан Благоев, новинар и автор на „Вера и општество“

Бугарската православна црква не трпи никакви критики и се обидува да изврши  цензура врз новинарите кои ја критикуваат нејзината работа.

Синодот на БПЦ, неодамна донел скандалозна одлука со која им забранува на сите архиереи на БПЦ, свештеници и теолози да учествуваат во емисијата „Вера и општество“, што се емитува на бугарската национална телевизија, БНТ.

Одлуката за забрана за давање какви било изјави или учество во емисијата, всушност се однесува уредникот и автор на емисијата, Горан Благоев. Тој е еден од најеминентните бугарски новинари кои се занимаваат со црковни религиски прашања  во својата професионална новинарска кариера.

На скандалозното решение на Синодот е потпишан лично, Патријархот Неофит. Испратено е и до генералниот директор на БНТ. Во него нема никакво образложение поради кои причини, Синодот на БПЦ едногласно донел одлука клирици и архиереи на БПЦ да не учествуваат во емисијата.

Авторот на емисијата, Благоев за бугарските медиуми изјавил дека оваа одлука покажува дека Синодот на БПЦ се „сталинизира“

-Среќен сум што не живеам во средниот век бидејќи со сигурност ќе ме фрлеа на клада. Откога во Светиот синод седнаа личности како Николај Пловдивскиот Митрополит, БПЦ почна да се сталинизира. За жал на БПЦ, БНТ нема никаква намера да го запре емитувањето на „Вера и општество“ изјавил Благоев во интервју за бугарски „фактор.бг“.

Сепак во овој судир на релација Новинарот Благоев и Синодот на БПЦ има многу подлабоки корени. Во основа станува збор за обид за замолчување на Благоев од страна на владиците во БПЦ кои се под силно руско влијание.

Горан Благоев неколкупати досега жестоко ја критикувал Бугарската православна црква поради „полтронизмот“ кон Руската Патријаршија.

Коментар(1)

  1. Нема ништо скандалозно во одлуката на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква – Бугарска Патријаршија. Спомнатиот новинар години наназад прави скандалозни емисии кои воопшто не кореспондираат со насловот на емисијата „Вера и Отечество“, чиј автор е самиот тој.
    Сметам дека ниту вие не треба оваа информација да ја пренесувате онака како што ја пренесуваат некои бугарски медиуми и новинари, на кои им се поблиски скандалите, отколку Православната Црква и нејзиното спасоносно учење.
    Секој што гледал барем една епизода од оваа емисија, ќе може сам да донесе заклучок, дека во однос на ова прашање Св. Синод на Бугарската Црква донел правилно, назидателно решение во корист и на новинарот Г.Благоев. Сепак треба да се има чувство за некакви граници на професионално, но и почитателно однесување кон луѓето, а особено кон црковните институции. г.Благоев има недостаток од таков професионализам.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *