Почетна Вести Христијанство Бугарската црква одлучи да влезе во канонско единство со МПЦ-ОА
Бугарската црква одлучи да влезе во канонско единство со МПЦ-ОА

Бугарската црква одлучи да влезе во канонско единство со МПЦ-ОА

1.07K
0

Бугарската православна црква се приклучува на одлуката на Вселенската Патријаршија за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА, иако официјално ја нарекува Православна Црква во Северна Македонија, објави религија.мк.

Оваа одлука ја донел Синодот на БПЦ, откако ги разгледал писмата од Вселенската патријаршија за кревање на шизмата од МПЦ-ОА и од Српскиот патријарх Порфириј.

Сепак, БПЦ смета дека за официјалното име на МПЦ-ОА, дополнително треба да разговара Синодот.

-Денеска на свпето заседание, во полн состав, Светиот Синод ги разгледа писмата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Српскиот патријарх Порфириј во врска со каноничниот статус на Православната црква на Северна Македонија и по спроведеното гласање одлучи: Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија со благодарност кон Бога и духовна радост ги прифаќа решенијата за подигање на шизмата и влегува во канонско и евхаристичко општење со Православната црква на Северна Македонија. Прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија треба да иде дополнително разгледано, стои во соопштението на БПЦ.

Со ова практично Бугарската црква е четвртата црква во Православниот свет, која донесе одлука за сослжување со МПЦ-ОА, по Вселенската Патријаршија, Српската црква и Грчката (која ја поздарви одлуката).

Кога ќе се случи првото официјално сослужување меѓи МПЦ-ОА и БПЦ, засега нема најава.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *