Почетна Вести Регион Бугарската Црква одбива да учествува во какви било заеднички настани со Папата за време на посетата на Бугарија
Бугарската Црква одбива да учествува во какви било заеднички настани со Папата за време на посетата на Бугарија

Бугарската Црква одбива да учествува во какви било заеднички настани со Папата за време на посетата на Бугарија

311
1

Бугарската православна црква одлучи да не учествува во ниту една заедничка активност со Папата Франциск, кој на 5 и 6 мај ќе допатува во посета на Бугарија.

Синодот на БПЦ одлучил да ја прифати само планираната средба на Франциск со Патријархот Неофит на 5 мај во Синодалната палата. За сите други планирани активности кои биле зацртани во предвидениот протокол, Синодот одлучил да не учествува.

-Посета на патријаршиската катедрална црква Свети Александар Невски е можна, но сакаме да Ви предочиме дека каква и да е форма на заедничко служење, или молитвено богослужење, како и носење на литургиски одежди, за нас е неприфатлива, како што тоа не го дозволуваат светите канони, пишува во одлуката на Синодот на БПЦ, потенцирајќи дека и во сите други точки од предвидената програма, учеството на претставници на БПЦ-БП е невозможно.

Синодот не дава благослов и ѓаконот Иван Иванов да биде преведувач за време на посетата на Папата Франциск, освен за време на посетата на зградата на Синодот и на црквата Св. Александар Невски.

Синодот на БПЦ своите одлуки ги испратил и во форма на писмо до Ватикан. За БПЦ посетата на Франциск на Бугарија е на покана од државните власти и порачува сите координации за тоа да се вршат во согласност со државните институции.

Коментар(1)

  1. Потпуно исправно . Тако се дочекује јеретик. Свака похвала за БПЦ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *