Почетна Вести Регион Бугарската црква не ги менува мерките за заштита
Бугарската црква не ги менува мерките за заштита

Бугарската црква не ги менува мерките за заштита

852
0

Бугарската православна црква нема да ги менува преземените мерки за безбедност и заштита во храмовите и покрај зголемениот број на новозаразени од коронавирус во Бугарија. Патријархот Неофит и членовите на Синодот на БПЦ тоа им го соопшитиле на членовите на државната комисија со која имале средба, а која барала повисоки мерки на заштита во деновите на Велигденските празнувања, за кога Бугарија го очекува пикот на епидемијата.

Светиот Синод на БПЦ останува на ставот утврден на почетокот на кризата, дека храмовите ќе останат отворени и ќе се вршат сите Богослужби предвидени за време на Великиот пост.

Архиереите на БПЦ ги повикуваат верниците да го засилат својот духовен подвик во покајание, пост, молитва, бдение и исповед со соединување со телото и Крвта Христови.

Непороменет останува и начинот на причестување, а тоа е свештенитците да им дозволуваат можност до Светата Тајна само на верници кои лично ги познаваат.

Меѓу неодамнешните објавени мерки кои ги презема БПЦ се поддрѓката на напорите на државните институции кон запазување на животот и здравјето на луѓето, како и повикот на БПЦ до верниците да останат дома за време на епидемијата. Исто така БПЦ повика да се зголеми хигиената и дезифекциите во храмовите, верниците да користат маски, ракавици и да запазуваат одредено растојание.

БПЦ ги повика сите свештеници кои имаат и најмал сомнеж за здравствени проблеми да се воздражат од Богослужби, а Крштевките и Венчавките да се извршуваат со ограничен број на луѓе. Опелата на покојните пак да се вршат на отворено, со присуство само на најблиските.

/dveri.bg

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *