Почетна Вести Регион Бугарската црква и откажа послушност на Московската патријаршија – Неофит нема да патува во Јордан
Бугарската црква и откажа послушност на Московската патријаршија – Неофит нема да патува во Јордан

Бугарската црква и откажа послушност на Московската патријаршија – Неофит нема да патува во Јордан

556
0

Бугарската православна црква и покрај жестокиот притисок на проруските митрополити во Синодот, донесе одлука да не учествува на средбата во Аман, Јордан свикана од Ерусалимскиот патријарх, Теофил. Синодот на БПЦ и официјално го соопшти ставот на пет дена пред одржувањето на оваа средба, која има за цел да се спротистави на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавањето на православната црква во Украина.

-Во врска со добиеното писмо од Неговото Блаженство Ерусалимскиот Патријарх Теофил III, во кое е поканата за учество на братската средба на Поглавари на помесните православни цркви и нивните делегации во Аман, Јордан, Светиот Синод на БПЦ-БП, соопштува дека се воздржува од учество во горенаведената средба и соодветно нема да испрати свои претставници во Аман, главниот град на Јордан. СВ.Синод ја изразува личната и братска љубов кон Неговото Блаженство Ерусалимскиот Патријарх Теофил III и длабоката почит Еруслалимската патријаршија – илјадагодишен чувар на животворниот Гроб Господов, стои во соопштението на БПЦ.

Оваа одлука на БПЦ е исклучително важна, а во православниот свет се толкува како дистанцирање од влијанието на Руската црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *