Почетна Вести Бугарија забранува политичка агитација од верските заедници
Бугарија забранува политичка агитација од верските заедници

Бугарија забранува политичка агитација од верските заедници

381
0

Бугарија на чекор да забрани политичка агитација на претставниците на верските заедници. Свештениците, владиците, оџите и сите кои се дел од верските заедници нема да смеат да даваат политички изјави и да коментираат политички состојби во Бугарија.

Бугарскиот парламент денеска ги усвоил измените на изборниот законик во прва фаза, во кој еден од членовите се однесува токму на верските заедници.

Во членот 182 се додава нова алинеја во која пишува дека „Не е дозволено предизборна агитација на служители на вероисповест“.

Според образложението за потребите од измени на законот, целта била да се спречи можноста за искористување на религиозните убедувања на граѓаните во процесот на формирање на нивното мислење, врз основа на кое тие го прават својот политички избор.

-Категоричното разграничување на религијата од државната власт во Бугарија е запишано во Уставот во член 13 алинеја 4, каде пишува дека религиозните заедници и институции, како и верските убедувања, не можат да се користат за политички цели, истото стои и во членот 7 од законот за вероисповест. Таа забрана е еден од белезите, кои ја карактеризираат Бугарија како светска држава, која ги гарантира слободите на сите религиозни убедувања, но доколку тие помешани во некој начин со политиката и државната власт, пишува во образложението на одлуката за измени на бугарскиот закон за изборите.

Идејата за измени потекнала поради се почестите случаи на политички посланија од свештениците од неколку религиозни заедници.

Верските убедувања треба да останат во сферата на личниот избор, кој не е предмет на државнна регулација и политички изјави.

Истовремено во Бугарија во Парламентот е и иницијатива за измени на законот за вероисповест, со кој се предвидува поголема државна контрола врз верските заедници и зголемени санкции за активности надвор од законските прописи.

Предлог измените предвидуваат и строги контроли на финансиите на верските заедници, забрана за финансирање од странство, како и редовни ревизорски извештаи за финансиското работење.

Она што, во бугарското општество се оценува како „засилена државна контрола“ е одредбата со која се забранува религиски и верски проповеди на лица кои не се бугарски државјани и за кои државата не дала дозвола за таков верски ритуал.

Предлогот е на еден независен бугарски Пратеник, поранешен член на Бугарската социјалистичка партија.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *