Почетна Вести Регион Бугарија во ведува строга контрола на финансирањето на верските заедници
Бугарија во ведува строга контрола на финансирањето на верските заедници

Бугарија во ведува строга контрола на финансирањето на верските заедници

242
0

Бугарската држава ќе го ограничи финансирање на верските институции од странски донации, а за возврат државата ќе учествува во финансирање на сите учења. Ваков предлог за законски измени во бугарскиот парламент доставиле пратениците на „Обеднинети патриоти“, пушуваат бугарските медиуми.

Воведувањето на контрола врз финансирањето на религиозни деноминации во нашата земја и наставната програма на средните и високообразовните училишта беше една од одлуките на Консултативниот совет за национална безбедност со претседателот на 30 мај. ГЕРБ го делегираше авторството на проектот на својот коалициски партнер, но ќе биде координиран пред неговото воведување. Предлог-законот исто така предвидува државата да ги финансира верските училишта во Бугарија и да ги одобри наставните програми, пишуваат медиумите.

Верските заедници во Бугарија исто така ќе имаат нов режим за регистрација. На пример, за да моѓе да се регистрира нова религија во Бугарија, ќе се бара потпис на три лица и матични броеви на 500 следбеници.

Според иницијаторите на законските измени, промените во законот се во интерес на националната безбедност.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *