Почетна Вести Регион Бугарија: Веронауката после 75 години повторно влегува во училιштата
Бугарија: Веронауката после 75 години повторно влегува во училιштата

Бугарија: Веронауката после 75 години повторно влегува во училιштата

212
0

Светиот Синод на Бугарската Патријаршија создаде свој учебник по Религија (христијанство-православие). Тоа се случува за првпат после 75 години од последните задолжителни часови по Веронаука во Бугарија. Процедурата за одобрување веќе е во финалниот стадиум и претстои уште издавање на учебникот по препорака на Министерот за образование, Красимир Влчев. Учебниците за децата од 1 до 5 одделение се веќе готови, а се работи и на оние за останатите класови. Процесот на подготовка траеше неколку години.

„Училиштето – особено тука во нашите земји, отсекогаш било поврзано со Црквата. Никогаш не било спорно тоа – имено во периодот на Турското ропство единствениот начин да се стекне образование биле ќелијните училишта во рамките на манастирите. Ете, поминаа 100 години и две поколенија се сменија, а ние сосема заборавивме на корените и на тоа од каде доаѓа темелот на бугарското училиште“ – вели секретарот на Светиот Синод, епископ Герасим. Последно  кога Црквата била дел од школската програма било во повоената 1947 година.  Патријаршијата нагласува дека за време на Царскиот период Веронауката била основен и задолжителен предмет за децата. Сепак, носела поинакво име – „Предмет Божји“. Сега, пак, предметот „Религија“ се изучува како изборен предмет.

„Човек, којшто уште во раната детска возраст знае како правилно да се прекрсти, знае што е Света Тајна, знае дека е крстен како христијанин со соодветни права и одговорности… ќе знае во секој поглед многу полесно да се ориентира во својот понатамошен живот и во односите со другите. А во денешно време големи се предизвиците на современиот свет – гледате колку многу се зборува за фундаментализам, колку многу се напаѓа религијата како наводно оружје и средство за поробување на народот… ова се зборува а не се сфаќа правилно, туку едноставно луѓето се потпираат на некакви туѓи толкувања“, вели Неговото Преосвештенство, епископ Герасим.

Изборот на предметот е од особено стратешко значење и како што вели митрополитот Ловченски Гаврил, ќе ни се оддолжи со попослушни, подобри и потрудољубиви ученици. Ајде и ние да се вложиме во реализирањето на оваа стратешка цел, што ќе му донесе полза не само на самиот ученик, туку и на семејството, класот, училиштето, па и на целото наше општество.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *