Почетна Вести Бугарија го стега ременот околу верските заедници?
Бугарија го стега ременот околу верските заедници?

Бугарија го стега ременот околу верските заедници?

440
0

Бугарскиот независен пратеник, Георги Кадиев, со бугарскиот парламент доставил предлог измени на законот за вероисповест во Бугарија, со кој бара драстично регулирање на оваа сфера, сериозна контрола од државата, како и екстремно високи казни за оние верски институции кои нема да се придржуваат до законот.

Кадиев предлага во Бугарија верски догми да можат да проповедаат само државјани на Бугарија или државјани на земјите членки на Европската Унија. Странски верски лидери и свештеници, кои не припаѓаат на Европската Унија, можат да богослужат и извршуваат религиозни обреди на територијата на Бугарија, но со дозвола од Дирекцијата за вероисповест и тоа не подолго од три месеци во рамките на една календарска година.

Во измените се предлага „Дирекцијата за вероисповест“ да има дискреционо право да им забрани на верските заедници да вршат обреди, доколку тие ги прекршуваат законите на Бугарија.

Она што пак е особено интересно во овој предлог за измени на законот за организација и дејствување на верските заедници се предлага забрана за проповеди кои го нарушуваат територијалниот интегритет на државата, политичка агитација и пропаганда од свештеници, како и забрана за проповед која е во насока на промена на промени на социјално-економските или општествени односи.

Проектот на независниот бугарски пратеник предвидува и строга регулација на финансиите на верските заедници, како и храмовите и верските образовни институции. „Донатори на верата“ мора да бидат исклучиво по потекло од Бугарија и тоа само со средства од Бугарија, со што се исклучува каква било можност за финансирање од странство.

Сите верски заедници се должни да подготвуваат финансиски отчет, а ќе бидат подлежни и на финансиски ревизии од државата.

Кадиев предлага и десеткратно зголемување на сегашните предвидени казни за непочитување на законот. Наместо од сега предвидените од 100 до 1000 лева, казните да бидат од 10.000 до 25 илјади лева.

Засега нема информации од Бугарија, дали овие измени можат да го поминат филтерот на бугарските пратеници во Парламентот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *