Брегалничкиот митрополит Иларион служеше во манастирот Свети Наум во Охрид

Date:

Share post:

Владиката Иларион – митрополитот Брегланички, бил изборот на Архиепископот г.г. Стефан, како администратор на испразнетата Дебарско-кичевска епархија, да отслужи прзнична литургија за денот на Свети Наум Охридски во неговиот манастир на Охридското езеро.

На 4 јануари 2025 година, во вечерните часови, беше отслужена Вечерна богослужба, на која по благослов на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Администратор Дебарско-кичевски и Австралиско-сиднејски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Марко Спасовски и протоѓаконот Константин Донев.

Утредента, на 5 јануари 2025 година, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Иларион, во сослужение на архимандритот Нектариј. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Иларион се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, во којашто се задржа на животот и делото на преподобниот Наум, на неговата заслуга за Црквата Христова, како и за важноста за учеството на христијаните во активниот живот на Црквата, односно во Телото и Крвта Христови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Митрополитот Јован: Епархиите што ги имаме се нефункционални, ќе бараме отворање на ова прашање во Синодот

Тројцата владици на МПЦ-ОА, поранешни членови на ПОА, пред Синодот ќе го отворат прашањето за функционалноста на епархиите...

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...