Почетна Вести Регион BREAKING NEWS: Грчката црква ја призна автокефалноста на Украина
BREAKING NEWS: Грчката црква ја призна автокефалноста на Украина

BREAKING NEWS: Грчката црква ја призна автокефалноста на Украина

173
0

Грчката православна црква ја призна автокефалноста на Православната црква во Украина и стана втората црква во православниот свет, по Вселенската Патријаршија која ќе воспостави канонско единство со украинската автокефална црква.

Одлуката ја донел соборот на Архиереи на ГПЦ, или популарно наречена грчката јерархија на денешната вонредна седница во Атина.

Иако руските медиуми пишуваа дека на овој собор нема да биде тема Украина, сепак во текот на заседанието архиепископот Јероним имал излагање на тема „Известување за автокефалијата на Црквата во Украина“. Тој се осврнал на привилегијата на Вселенската патријаршија да доделува автокефалии, како и на позитивните извештаи од двете комисии (на Светиот синод на ГПЦ, за Канонско право и Меѓуправославни односи, кои беа повикани да се изјаснат со став по ова прашање, н.з.).

Истите информации наведуваат дека архиепископот предложил признавање на Црквата во Украина, што било прифатено од мнозинството на Јерархијата.

-Во овој дух, препорачувам признавање на автокефалијата на Православната црква во независната Република Украина од страна на нашата Црква“ , рекол Јероним.

Попладнево и Светиот синод на јерархијата на Црквата на Грција, со соопштение ја потврди информацијата,

-Согласно дневниот ред, Блаженејшиот архиепископ Атински и на цела Грција г. Јероним одржа свое излагање со наслов: „Автокефалијата на Украинската црква“. Во предговорот на излагањето, Неговото Блаженство наведе дека постојаниот Свет синод на повеќе свои заседанија подробно се занимавал со ова прашање, кое го доставил и до соодветните Синодски комисии – за Догматски и номоканонски прашања и за Меѓуправославни и меѓухристијански врски – за да се изјаснат заеднички пред Светиот синод. На 13 август о. г., овие Комисии ги доставија до секретаријатот заедничкиот Заклучок и Воведната белешка со наслов: „Прашањето на канонската јурисдикција на светата митрополија Киевска“. Заклучокот на Комисиите, по наведувањето на петте основни позиции од номоканонски аспект, го заклучи следново: „Врз основа на кажаното, разгледувајќи го прашањето на автокефалијата на Црквата во Украина од канонски, но и од правен аспект, најблагочестиво изјавуваме дека не постои никаква пречка за признавање на автокефалијата на Црквата во Украина и за потполна согласност на Црквата на Грција со Вселенската патријаршија, стои во соопштението од Синодот на архиереи на ГПЦ.

-Следуваше конструктивен дијалог и изразување на мислења на повеќе Високопреосвештени јерарси и Јерархијата одлучи да ја прифати одлуката на изминатиот постојан Свет синод и на излагањето на Блаженејшиот архиепископ Атински и на цела Грција г. Јероним, што го признава „канонското право на Вселенската патријаршија да доделува автокефалија, како и правото на претстојателот на Црквата на Грција да го решава понатаму прашањето на признавањето на Црквата во Украина“, додека седум митрополити побараа да се одложи донесувањето на оваа одлука, стои во соопштението од Комисијата за односи со јавност
на Светиот синод на јерархијата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *