Почетна Вести БОЖИНОВСКА: Сите културни добра се заеднички добра
БОЖИНОВСКА: Сите културни добра се заеднички добра

БОЖИНОВСКА: Сите културни добра се заеднички добра

99
0

Сите културни добра на Република Македонија се заеднички културни добра без разлика на етничката и верската припадност. Не постојат херои и хероини во Република Македонија во овој период, затоа што сите херои припаѓале далеку во историјата, во минатото. Хероини биле мајките на Гемиџиите, на Илинденците, сите жени чии деца припаѓале во делот на историјата на Република Македонија.

13081707_10208559377009350_202745486_nОва денеска го истакна директорката на Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска на Форумот на тема „Жената и религијата – дискурс и пракса“ која се одржа во Порта Македонија, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и Комисијата за култура.

Посочи дека со темата „Жената и религијата – дискурс и пракса“ сакале да го обединат женскиот принцип и повик на разум во овие мигови, затоа што, како што рече, смета дека и во христијанството и во исламот образец на однесувањето, на традицијата и на семејството е токму жената. Ако жената фрла со обоени балони или јајца, нагласи Божиновска, тоа ќе го прави и нејзината ќерка и нејзиниот сопруг.

– Се наоѓаме во т.н.страстна недела или недела на молчење и на тихување. Се наоѓаме во деновите пред Христовото воскресение, но и во време на една сериозна политичка криза во Република Македонија. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ односно Комисијата за култура имаше смисла во овие денови да повика на разум и на обединување односно повикуваме на триумф на разумот без разлика на која етничка и верска припадност припаѓаат луѓето кои ги гледаме катадневно по улиците кои рушат и го вандализираат градот Скопје, рече Божиновска.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, додаде, повикува на разум, на обединување и на мир.

13081686_10208559339048401_1658099763_nОтец Ивица Тодоров од Македонската православна црква – Охридска архиепископија рече дека жената треба да го има најпресудниот фактор во овој момент, со својата љубов, согрижа, со молитва и да придонесе особено во Страдалната седмица за разбирање, за мир и за наоѓање вистинско решение на ова искушение со кое се соочуваме како општество.

– Сите сме одговорни за ова општество и сите ние треба да бидеме чинители за вистинско наоѓање решение и помирување. Тоа значи создавање на еден вистински темел, еден здрав темел за една благословена сегашност на нашиот народ и сигурна иднина на нашиот народ. Се надевам дека оваа средба ќе ги поттикне нашите сестри, жените христијанки поинтензивно да се молат и за мир и за разбирање и за напредок и благослов на оваа наша Македонија и на овој наш народ, додаде отец Ивица Тодоров.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *