Почетна Вера БОЖИНОВСКА: Само силна вера и позитивни вредности градат мир
БОЖИНОВСКА: Само силна вера и позитивни вредности градат мир

БОЖИНОВСКА: Само силна вера и позитивни вредности градат мир

216
0

valentina– Предизвиците и искушенијата кои денес го тресат светот, тероризмот и верската нетрпеливост, преку празникот на Христовото Воскресение-Велигден и посебно преку пораките на папата Франциск и годината на милосрдието, добиваат своја актуелна порака, дека само преку силната вера во животот и позитивните вредности можеме да постигнеме мир и дека ниту едно насилство нема свое оправдување кога е во прашање човекот и неговите фундаментални права, пишува директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска во честитката до поглаварот на Католичката црква во Македонија, Бискупот и апостолски егзрарх, монсињор Киро Стојанов.

-На денешен ден пред многу години силна светлина засветли од празниот Христов гроб и во срцата на луѓето им вдахна радост и вера во вечниот живот. Спасителот вели: „Јас живеам, и вие ќе живеете“ бидејќи нема поголема радост од сознанието дека Христос воскресна и со смртта на крстот ја победи смртта со што вистинските вредности добија нов живот, вели Божиновска во пораката.

Според директорката на Комисисијата за односи со верските заедници, мисијата на Католичката црква како во минатото, така и денес, дава нова сила на надеж, гледајќи го целиот свет како едно семејство кое во единство со божјата љубов ги има одговорите на сите проблеми.

-Во таа насока, сакам да го истакнам Вашиот личен придонес, како и придонесот на Католичката црква во Република Македонија која преку почитувањето на сите верски заедници, меѓусебниот дијалог и соработка придонесува кон верската толеранција и соживот како во нашето општество така и во целиот свет, стои во честитката од Комисијата за односи со верските заедници до Католичката црква во Македонија.

Католичките верници в недела го одбележуваат Христовото воскресение. Свечената литургија ќе биде во сабота во катедралната црква „Пресвето срце исусово“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *