Почетна Вера БОЖИНОВСКА: Рамазан да не потсетува на духовните вредности и соживотот
БОЖИНОВСКА: Рамазан да не потсетува на духовните вредности и соживотот

БОЖИНОВСКА: Рамазан да не потсетува на духовните вредности и соживотот

30
0

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи упати честитка до Реис ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи по повод по повод празникот Рамазан Бајрам.

– Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам, стои во честитката.

Во неа се додава дека празникот Рамазан Бајрам е радост за сите муслимански верници, вдахновение на љубовта, верноста, мирот, како и поттик за создавање на што подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја.

– Големата духовна сила и цврстата волја, самоуверено и храбро да Ве водат кон споделување на вистинските вредности на семејната блискост, љубовта и меѓусебното пријателство. Нека овој Рамазански Бајрам уште еднаш нè потсети на трајноста на овие духовни вредности и дека со нивно негување, исполнетост со меѓусебно почитување, соживот и соработка, можеме да постигнеме темелен напредок во нашето општество, се наведува во честитката.

Во честитката се посакува добро здравје, расположение и среќа.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *