Почетна Вера БОЖИНОВСКА: Празнувањето е најскапоцен дар и темел на мирот и заедништвото
БОЖИНОВСКА: Празнувањето е најскапоцен дар и темел на мирот и заедништвото

БОЖИНОВСКА: Празнувањето е најскапоцен дар и темел на мирот и заедништвото

108
0

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по повод празникот Курбан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.

valentina bozinovska slika– Празнувајќи го Курбан Бајрам со доблест и гостопримство кон своите блиски роднини, соседи, пријатели и сограѓани, во кругот на семејството, а во духот на спокојството и меѓусебната солидарност, претставува најскапоцен дар и почит на основните темели на мирот и заедништвото. Ви посакувам празникот Курбан Бајрам да го поминете во хармонична и весела атмосфера. Принесувањето на жртва-курбан и дарувањето да Ви ги отворат срцата кон Бога и да Ви донесе многу здравје, радост и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски, вели во честитката директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *