Почетна Вера БОЖИНОВСКА: Посакувам просперитетна и плодна година
БОЖИНОВСКА:  Посакувам просперитетна и плодна година

БОЖИНОВСКА: Посакувам просперитетна и плодна година

51
0

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска испрати телеграма со честитки до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо – Николиќ по повод еврејскиот празник Рош Ашана.

valentina bozinovska slikaРош Хашана, стои во честитката, традиционално го одбележува почетокот на новата година и претставува почеток на деновите на молитви, простување и покајување.

– Рош Хашана претставува симбол за нов почеток и духовна обнова на светот, кога не престануваме да се надеваме во светлата иднина, и во изградбата на едно подобро и попросперитетно општество. Во таа насока Ви посакувам новата година да Ви подари изобилство на среќа, мир и топлина во Вашите домови што би бил достоен поттик за духовен раст, взаемно почитување и продлабочување на дијалогот помеѓу верниците од различните религии, како и со сите луѓе со добра волја. Поздравувајќи Ве со традиционалниот еврејски поздрав Ле Шана Това Тикатеву, Ви посакувам просперитетна и плодна година исполнета со многу љубов и благодети, се вели во честитката од Божиновска.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *