Почетна Вера Божиновска: ПЕСАХ е симбол на вистинските вредности
Божиновска: ПЕСАХ е симбол на вистинските вредности

Божиновска: ПЕСАХ е симбол на вистинските вредности

134
0

Valentina bozinovskaПразникот ПЕСАХ не потсетува дека верата во Бога и вистинските вредности на религијата се клучни фактори во елиминирање на злото и на деструктивноста, пишува Директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска во честитката до претседателката на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо Николиќ, за големиот еврејски празник Песах.

– Дозволете ми Вам лично и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник ПЕСАХ и одбележувањето на денот кој претставува симбол на непокорноста и желбата за слобода на еврејскиот народ. Симболот на ослободувањето на Евреите од Египет претставува симбол на ново раѓање и надеж за еден подобар свет во кој мирот, напредокот и соживотот ќе бидат универзални вредности. Денес, празникот ПЕСАХ е тука да нè потсети дека верата во Бога и вистинските вредности на религијата се клучни фактори во елиминирање на злото и на деструктивноста. Меѓусебното разбирање и цврстата верба во светлата иднина на секој човек се духовната сила која придонесува кон остварување на највисокиот идеал на слободата.
Ви посакувам, овој голем празник да го поминете во мир и благосостојба, и нека овој голем еврејски празник во сите нас ја ослободи универзалната потребата да сакаме и да бидеме сакани, стои во честитката на Божиновска упатена до припадниците на Еврејската заедница во Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *